МНТ ЈА ОТВОРА НОВАТА СЕЗОНА НА 25 СЕПТЕМВРИ СО ПРЕМИЕРАТА НА „ТРИ СЕСТРИ“ НА ВИТОШЕВИЌ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Македонскиот народен театар (МНТ) ќе ја отвори новата сезона 2026/2027 на 25 септември со премиерата на претставата „Три сестри“, според драмата на Чехов, во режија на Нела Витошевиќ.

Од МНТ велат дека билетите за претпремиерната и премиерната изведба како и за првата изведба која е закажана за 5 октомври во продажба се достапни од 24 јули.

„Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, е современо читање на еден од најзначајните драмски класици“, најавува МНТ.

Во претставата играат: Дарја Ризова – Ирина, Наталија Теодосиева – Маша, Верица Недеска – Олга, Дамјан Цветановски – Андреј, Благој Веселинов – Александар, Емил Рубен – Иван, Ивица Димитријевиќ – Игор, Нина Деан – Наташа и Антонио Ташковски – Никола.

Сценографијата е на Игор Василев, костимите на Роза Трајческа, музиката на Огнен Анастасовски, а извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен.

(Фото: Дарја Ризова и Верица Недеска на почетокот на пробите)