На 9 април од 20:30 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одржи втората претстава на шоуто „Глумците пеат“, откако се распродаде првата на 8 април. На шоуто ќе пеат околу 25 актери со различна приказна.
Ова ќе биде трето издание на возобновената манифестација, која ја направи актерот Марин Бабиќ, кој почина во октомври 2022, а неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ ја продолжуваат во негова чест. Во 2023, „Глумците“ се вратија на сцената по 17 години пауза.
Режисер на шоуто и годинава е Дејан Пројковски, а диригент на биг бендот кој ќе свири е Љупчо Мирковски. Новите аранжмани на песните се на Бобан Мирковски, а кореографијата на Олга Панго.
„Годинашната инспирација доаѓа од еден извонреден филм“, најави претходно Маја Бабиќ.
Фото: К. Попов
Фото: Тања Кочовска и Софиа Насевска-Трифуновска како „Ацукар морено“ лани на „Глумците пеат“