ЗАК ЕФРОН ВО ВРСКА СО КОЛЕШКАТА ОД „ЧУВАРИ НА ПЛАЖАТА“

Лос Анџелес, (Пипл)

По глумењето на вљубена двојка во филмот „Чувари на плажата“ од 2017 година, Зак Ефрон и Александра Дадарио се заедно и во приватниот живот, објави „Пипл“.

Шпекулациите се засилија откако папараците ги уловија Ефрон (30) и Дадарио (32) како ги шетаат своите кучиња во Лос Анџелес.

Лани, за време на премиерата на филмот, и двајцата изјавуваа дека се многу добри пријатели, но како што пренесуваат таблоидите, и двајцата постојано постираат заеднички фотографии на Инстаграм.

Ефрон неодамна ѝ честиташе роденден на Дадарио со љубовна посвета на Инстаграм

„Знам дека луѓето многу би ги интересирало дали сме заедно, но ние сме само љубовници во филм“, рече Дадарио лани за „Е!“, за потоа да додаде: „Нашите деца би имале прекрасни сини очи, зарем не?“.

Неодамна, Ефрон ѝ честиташе роденден на Дадарио на Инстаграм со постот: „Среќен роденден на еден од најреалните, најприземни, најинтелигентни, најкреативни и најретки Покемони кој некогаш бил создаден“.

Ефрон претходно две години беше во врска со моделот Сами Миро, пред да се разделат во 2016 година, додека Дадарио последно беше поврзувана со нејзиниот колега од филмот „Перси Џексон“, Логан Лерман.