Жизел Будншен красеше насловни страници на повеќе од илјада магазини, но никогаш во вакво издание.
За февруарскиот број на „Вог Италија“, 37-годишниот бразилски супермодел ги отвори вратите на својот дом за најинтимната фотосесија досега, појавувајќи се на насловната страница без грам шминка на лицето и без средена фризура. Тоа е прва фотосесија од таков тип во историјата на легендарното модно списание.

Наречена „Недела со Жизел“, фотосесијата покажува еден обичен ден во животот на Бундшен во нејзиниот дом во Бостон, настрана од тоа што е втората најплатена манекенка на светот и во брак со спортската суперѕвезда Том Брејди.
Во духот на фотосесијата, Џејми Хоксворт направи едноставни фотографии, користејќи филм и природна светлина, при што тие останаа неретуширани.
Хоксворт ја сними Бундшен во игра со нејзините деца Бенџамин и Вивијан, како јаваат коњи, вежба јога и како лежи во пижами.
