Софи Тарнер и Џо Џонас го добија првото дете.
Дваесет и четиригодишната ѕвезда на „Игра на тронови“ и 30-годишниот американски пејач не соопштија други детали, дури ни полот на бебето. Сајтот Ти-Ем-Зи објави дека тие добиле девојче, што го крстиле Вила.
Тарнер и Џонас се свршија во октомври 2017, а лани се венчаа во капела во Лас Вегас, за потоа да направат официјална свадбена церемонија во Франција.
Софи Тарнер се прослави со улогата на Санса Старк во хит серијата „Игра на тронови“, додека Џо Џонас е дел од популарната група „Џонас брадрс“, во која членуваат и неговите браќа Ник и Кевин.