ЅВЕЗДАТА НА „ПРИЈАТЕЛИ“ МЕТЈУ ПЕРИ СЕ СВРШИ ЗА ПРВПАТ НА 51 ГОДИНА

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Една од ѕвездите на серијата „Пријатели“, Метју Пери, потврди дека на 51 година се свршил со својата девојка Моли Хурвиц.

„Одлучив да се свршам. За среќа, се случи да сум во врска со најдобрата жена што постои на оваа планета во моментов“, кажа Пери.

Актерот и 22 години помладата Хурвиц се заедно од 2018.

Ова следува откако Пери објави дека го очекува ангажирана 2021 година, имајќи предвид дека во март конечно ќе почне снимањето на долгоочекуваното продолжение на „Пријатели“ во вид на специјална епизода. Таа ќе се снима за стриминг платформата „Ејч-Би-О макс“.