ФРАНЦУЗИН ОСВОИЛ МИЛИОН ЕВРА НА ЛОТАРИЈА ДВАПАТИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ – ШАНСИТЕ СЕ ЕДЕН ВО 16 ТРИЛИОНИ

Париз, (Би-Би-Си)
A photo taken on September 20, 2016 shows a Francaise des Jeux (FDJ) lottery ticket for the EuroMillions-My Million draw during a presentation in Pantin. / AFP PHOTO / JACQUES DEMARTHON

Маж од југоисточна Франција ја освоил државната лотарија „Мој милион“ по вторпат за помалку од две години, за што математичари велат дека шансите се еден наспроти 16 трилиони.

Победникот, кој не беше именуван, го освоил својот прв милион во ноември 2016 година и потоа продолжил да игра секоја недела. Минатиот месец, тој повторно успеал во тоа.

Според локалните медиуми од регионот От-Савој, кадешто ливчето било купено, среќниот добитник рамнодушно ја примил веста.

„Се чини дека се навикнал да победува. Тој кажал дека ќе продолжи да игра, затоа што верувал во старото правило дека убавите работи секогаш доаѓаат во тројка“, објавија француските медиуми.

Колку за споредба колкави се шансите ова да се случи, познатата обложувалница „Педи пауер“ проценува дека шансите двапати да се биде удрен од гром се еден во 20 милиони.