Кипар почна да го гради најголемиот казино комплекс во Европа, „Градот на медитеранските соништа“, кој чини 550 милиони евра и ќе придонесе за отворање на илјадници работни места на островот.
Казиното во вториот најголем град, Лимасол во јужен Кипар, ќе биде готово до 2021 година.
Проектот се очекува да создаде околу 4.000 работни места годишно за време на изградбата и околу 6.500 со полно работно време кога комплексот ќе биде целосно пуштен во функција.
Владата предвидува дека казиното ќе собере околу 700 милиони евра во втората година од работењето и ќе привлече дополнителни 300.000 туристи годишно.
Рекордни 3,65 милиони туристи го посетија Кипар минатата година и потрошија 2,6 милијарди евра.
Комплексот ќе има 500 хотелски соби, област за играње од 7.500 квадратни метри и експо-центар, кој опфаќа повеќе од 9.600 квадратни метри. Ќе има 136 маси за игри, 1.200 електронски апарати и 11 ресторани.