Седум години по „Девојката со тетоважа на змеј“ на Дејвид Финчер, односно девет по шведскиот оригинал, ликот на Лизбет Саландер се враќа на големото платно во „Девојката во пајажина“.
По Нуми Рапас и Руни Мара, во улогата на емо хакерот сега ќе се појави Британката Клер Фој, која се прослави како младата Елизабета Втора во серијата „Круната“. Фој е речиси непрепознатлива во новата улога, откако строгиот кралски стил го замени за црна кожа, тетоважи и за панкерска фризура.
Место да ја адаптира втората книга на Стиг Ларсон, кој почина во 2004 година, режисерот Феде Алварез го снима филмот „Девојката во пајажина“ според четвртата книга, оригинално напишана од Давид Лагеркранц во 2015 година.
За разлика од побавниот „Девојката со тетоважа на змеј“, се очекува „Девојката во пајажина“ да биде поакционен филм. Лизбет, чија мисија е да казнува мажи кои повредуваат жени, повторно е прогонувана од своето минато, што ќе ја доведе до нешто што се нарекува Општество на пајакот.
Премиерата на „Девојката во пајажина“ е закажана за 9 ноември.