Џиџи Хадид и Зејн Малик на Инстаграм објавија дека се повторно заедно, по раскинувањето во март.
Двојката позната како Зи-Џи тогаш на Твитер објави крај на нивната двегодишна врска, со љубезни статуси во кои напишаа дека секогаш ќе имаат убави чувства еден кон друг.
„Засекогаш ќе бидам благодарна за љубовта, времето и животните лекции што ги споделив со З. Му посакувам сѐ најдобро и ќе продолжам да го поддржувам како пријател кон кого имам огромно почитување и љубов. Што се однесува до иднината, она што треба да се случи, ќе се случи“, напиша тогаш дваесет и двегодишната манекенка.
Деновиве, топ- моделот објави стори на Инстаграм со поп пејачот, на која тој ја бакнува во чело. Медиумите коментираат дека иако станува збор за една слика, говори илјада зборови.