Пејачката Џенет Џексон откри дека долго време се борела со депресија, што ја поврзувала со детскиот комплекс на инфериорност и со општествените расизам и сексизам.
Во интервју за „Есенс“, списание фокусирано на афроамериканските жени, 52-годишната поп-ѕвезда вели дека била многу среќна кога лани го роди своето прво дете.
Но, пејачката која стана суперѕвезда во нејзините 20-ти години со миксот на хип-хоп и поп, како и со перфектните кореографии, вели дека четвртата деценија од животот ѝ биле тешки години.
„Борбата беше силна, постојано го анализирав изворот на мојата депресија“, открива таа во интервјуто.
„Ниската самодоверба може да биде вкоренета во детските чувства на инфериорност. Тоа може да се поврзе и со неуспехот да се исполнат неверојатно високи стандарди и, се разбира, секогаш постојат општествени прашања на расизам и сексизам. Спојте го сето тоа заедно и ја добивате депресијата. За среќа, го најдов мојот пат низ неа“, вели Џексон.
Помладата сестра на Мајкл Џексон, кој, исто така, се бореше со депресија и вознемиреност, се врати со албум во 2015 година, а потоа нагло ја прекина турнејата. Таа го роди синот Еиса на 51 година, а брзо потоа објави дека се разведува од неговиот татко и нејзин трет сопруг Висам Ал Мана, бизнисмен од Катар.