Воракнабил, гратче во западна Викторија со само 2.400 жители, планира на светот да му понуди голема атракција, така што ќе му крене споменик на својот најславен сограѓанин.
Ник Кејв, еден од најпознатите австралиски музичари, ќе биде овековечен во бронза во својот роден град, во кој ги помина првите години од својот живот.
Градските власти објавија дека не само што споменикот ќе има големи димензии, туку Кејв ќе биде качен на коњ и ќе држи факел во една рака.
Идејата за споменикот потекнува од 90-ите години, кога вајарката Корин Џонсон им пристапила на Кејв и на неговиот бенд „Бед сидс“ по еден концерт во Лондон. Проектот сега, конечно, е одобрен, но прво мора да се соберат средства, околу 200.000 долари.
Џонсон вели дека сѐ почнало како шега на поранешниот менаџер на Кејв, Рејнер Џесон.
„Ник во тоа време работеше на сценарио за вестерн филм, па ни се виде како добра идеја да му направиме споменик на коњ. Дизајнот се менуваше неколку пати и во изработката беше вклучен многу хумор. Конечниот изглед може да се опише како Луј 14 среќава духовен отпадник“, вели Џонсон.