КРИСТИНА АГИЛЕРА СНИМИ ДУЕТ СО ШАМПИОНОТ ВО ФОРМУЛА 1, ЛУИС ХАМИЛТОН

Лондон, (Скај)

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, дебитира како пејач на новиот албум на Кристина Агилера.

Дуетот на Агилера и Хамилтон е насловен „Пајп“ и е дел од осмиот албум на пејачката, „Ослободување“. Триесет и тригодишниот Хамилтон се појавува под псевдонимот ХНДА, а тој, исто така, го напишал текстот на песната.

Агилера изјави дека се заколнала во тајност за вистинскиот идентитет на ХНДА, но дека „гори од желба сите да дознаат колку двајцата се мултиталентирани“.

Има шпекулации дека Хамилтон претходно соработувал со Џеј Зи и Канје Вест, но ова е првпат публиката да го слушне неговиот глас.

Агилера (37) изјави дека се спријателила со Хамилтон по настапот на концертот за Ф-1. Тие, исто така, беа забележани заедно за време на трката во Азербејџан во април годинава.

Светот на поп музиката не е непознат за Хамилтон, откако претходно беше во долгогодишна врска со Никол Шерцингер, но тие никогаш не влегоа заедно во студио.