Мадона го издаде својот 15. албум „Признанија 2“ (Confessions II), продолжение на албумот „Признанија на подиумот за танцување“ (Confessions on a Dancefloor) од 2005. Критичарите го оценија како нејзино најдобро музичко издание во последните две децении.
Ова е нејзиниот прв албум после „Мадам Икс“ од 2019.
Пејачката повторно соработуваше со Стјуарт Прајс, кој беше копродуцент и коавтор на претходниот албум, при создавањето на овој денс-поп албум со 16 песни.
На албумот како гости се појавуваат Сабрина Карпентер, Стромае и ќерката на Мадона, Лола Леон.
Списанијата „Ролиннг стоун“ и „Вараети“, како и весникот „Гардијан“ го оценија како нејзин најдобар албум во последните дваесет години.
Мадона (67) се прослави во раните 1980-ти години, а нејзиното творештво има извршено силно влијание врз голем број музичари.
(Фото: Фејсбук)