„ХАРЛИ-ДЕЈВИДСОН“ СЛАВИ 115 ГОДИНИ СО ПАРАДА ВО ПРАГА

Прага, (Ројтерс)
Participants of a motorcycle parade ride their bikes through the center of Prague to celebrate 115th anniversary of the Harley Davidson trademark, Czech Republic, July 7, 2018. REUTERS/David W Cerny

Десетици илјади моторџии од целиот свет се собраа во Прага, за да ја одбележат 115-годишнината од основањето на најпознатиот американски производител на мотоцикли „Харли-Дејвидсон“.

Прага не е случајно избрана бидејќи е дом на 90-годишниот „Харли-Дејвидсон клуб“, најстар во светот. Тоа е најголемиот собир надвор од матичниот Милвоки, кадешто слична забава е закажана за крај на август. На четиридневниот собир со музика, мотоцикли и чешко пиво, дојдоа повеќе од 60.000 моторџии и околу 40.000 гости од повеќе од 70 земји.

Прага, дом на 90-годишниот „Харли-Дејвидсон клуб“, е домаќин на најголемиот годишен собир на мотоцикли (Фото: Ројтерс)

Околу 4.000 моторџии, избрани на лотарија и облечени во кожа, тексас и заштитни шлемови од сите видови, парадираа низ центарот на градот.

„Овој бренд е навистина голем за толку многу луѓе низ целиот свет”, вели Карен Дејвидсон, правнука на еден од основачите.

Европа изминативе години стана важна за „Харли-Дејвидсон“, веќе доминантен играч на пазарот за мотоцикли во САД. Во 2017 година, компанијата продаде речиси 40.000 нови мотоцикли во Европа.