ХОЛАНДСКА ДИЗАЈНЕРКА НАПРАВИ ФУСТАНИ ОД ПТИЧЈИ ЛЕТ

Париз, (Дезин)

Модната дизајнерка Ирис ван Херпен создаде колекција на фустани кои ги претставуваат крилјата и звуците на птици во лет.

Ван Херпен, која била студентка на Александер Меквин, а сега работи во Амстердам, го проучувала движењето на крилјата на птиците за да ја создаде колекцијата „Синтопија“, која беше претставена на неодамнешната Париска модна недела на висока мода.

Колекцијата „Синтопија“ со 17 модели беше претставена во Париз (Фото: Вог)

Во 17-те креации на Ван Херпен, традиционалните техники на ткаење беа комбинирани со високотехнолошки дигитален изум.

„Како поранешна танчарка, трансформацијата во движењето ме хипнотизираше. За оваа колекција внимателно ги набљудував минутите на птичјиот лет и сложените звуци во рамките на птичјото движење”, кажа Ван Херпен.

Таа користела хронофотографија, викторијанска фотографска техника која го лови движењето во неколку рамки на печатење, за да се најдат сличности помеѓу начинот на кој ткаенината се лелее и начинот на кој пердувите се мрдаат за време на летот.

Како придружен елемент на фустаните, дизајнерите Лонеке Гордијан и Ралф Наута создадоа инсталација со подвижни стаклени цевки, кои исто така ја следат линијата на птичјиот лет. Инсталацијата насловена „20 чекори“ беше поставена над главите на моделите кои се движеа на пистата.

Дизајнерите велат дека со проектот оддават почит на еволуцијата и на човечката желба да може да лета.