ЏАСТИН БИБЕР СЕ СВРШИ СО МОДЕЛОТ ХЕЈЛИ БОЛДВИН

Њујорк, (Би-Би-Си)

Поп ѕвездата Џастин Бибер се свршил со моделот Хејли Болдвин викендов, објавија американските медиуми.

Дваесет и четиригодишниот канадски пејач ѝ предложил брак на Болдвин во еден ресторан на Бахами, објави сајтот ТМЗ, но претходно, неговото обезбедување побарало од вработените да ги одложат телефоните.

Радосната вест на социјалните мрежи ја прославиле и родителите на Бибер.

„Возбуден сум поради ова ново поглавје“, напиша Џереми Бибер на Твитер, а слично реагираше и мајка му Пети Малет.

Бибер и 21-годишната Болдвин првпат почнаа да излегуваат пред две години и повторно се споија, откако тој раскина со долгогодишната девојка Селена Гомез.

Хејли е ќерка на актерот Стивен Болдвин и внука на далеку попознатиот Алек Болдвин.