ДРЕЈК ЦЕЛОСНО ЈА ОСВОИ ТОП-ЛИСТАТА НА БИЛБОРД И УРНА РЕКОРД НА „БИТЛС“ ОД 1964

Њујорк, (АП)

Канадскиот рапер Дрејк и официјално ја поседува топ-листата на Билборд, откако седум негови песни влегоа меѓу најдобрите десет, со што го урна повеќе од пет децении стариот рекорд на „Битлс“.

Сите 25 песни од неговиот нов албум „Скорпија“, што излезе на 29 јуни, се наоѓаат во топ-100.

Поранешниот број еден „Добар за што“ се врати на врвот, а негово е и второто место со песната „Нонстоп“. Во првите десет е и „Не ми е важно“, која содржи претходно снимени вокали од Мајкл Џексон.

Триесет и едногодишниот Дрејк на овој начин го надмина рекордот на „Битлс“, кои во 1964 година во еден момент држеа пет позиции во најдобрите десет.

Севкупно, Дрејк има 31 топ-10 хит, во што е израмнет со Ријана. Пред нив се само „Битлс“ со 34 и Мадона со 38. Од 2009 година, Дрејк има 186 песни во топ-100 на Билборд, со што е на второто место на сите времиња, зад екипата на серијата „Гли“ со 207.