Денеска и в недела за време на гласањето е забранета секаква партиска пропаганда за локалните избори.
Се гласа в недела од 7 до 19 часот.
Се гласа за градоначалник и членови на Советите на општините.
Право на глас на локалните избори имаат 1.814.644 гласачи.
Учествуваат 260 кандидати од 19 партии и коалиции, како и 64 кандидати предложени од група избирачи (независни кандидати).
Од 260 кандидати за градоначалници, 15 се жени.
Секој гласач мора да се идентификува со личен документ – лична карта или пасош, да биде проверен со УВ лампа дали претходно гласал, а потоа да биде испрскан на дланката со УВ спреј, по што ќе добие едно ливче, чиј број не смее да биде запишан каде било од страна на избирачкиот одбор, а потоа се заокружува само еден број пред името на кандидатот или на листата на советници.
Изборите ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Скопје.
Вториот круг од изборите е две недели подоцна, на 29 октомври. Тогаш ќе се гласа само за двата најдобро пласирани кандидати за градоначалници од првиот круг во кој не е постигнат условот за јасна победа во првиот круг.
За да биде избран градоначалник во првиот круг на гласање треба да излезат третина од запишаните гласачи во соодветната Општина, а половината од нив треба да гласаат за еден кандидат.
ПОСЛЕДЕН ПАТ СВИРЕВМЕ ЗАЕДНО ПО ВЕЛИГДЕН ВО ОХРИД, СЛЕДНИОТ НАСТАП ПО ДВА ДЕНА ГО ОТКАЖА, ВЕЌЕ НЕ МУ БЕШЕ ДОБРО, КАЖАА ОД „СИЛВИ БЕНД“ НА НАСТАНОТ ВО ЧЕСТ НА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ВО СКОПЈЕ