31-годишен маж во германскиот град Салцгитер беше приведен од полицијата откако ги оставил славините во кадата и лавабото да течат најмалку една година и предизвикал голема штета на зградата во која што живее. Локалната полиција вели дека приведениот потрошил 7 милиони литри вода во изминатата година.

Полицијата била повикана од управата на зградата, откако тој неодамна го затнал одводот и водата почнала да тече низ зградата. Според полицијата, тој давал отпор при апсењето и морал да биде совладан со спреј за самоодбрана.

По медицинскиот преглед, човекот е однесен на евалуација во псхијатриска клиника, соопшти полицијата.