ПЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ МУЗЕЈОТ НА ИВ СЕН ЛОРАН ВО ПАРИЗ

Париз, (Инстајл)

Ив Сен Лоран, светски познатиот креатор кој почина во 2008 година, деновиве доби свој музеј во Париз, во легендарната модна куќа, на прочуената Петта авенија Марсо. Иако ова не е првиот музеј посветен на креаторот кој е роден во Алжир, секако може да се смета за најзначаен, бидејќи беше проект на кој со голема страст и посветеност работеше неговиот партнер, Пјер Берже.

Со оглед на тоа дека се изложени досега непознати за јавноста фотографии, портрети, видео инстери, поставката нуди шанса за гостите да видат кои биле најголеми фанови на Ив Сен Лоран , како Кетрин Денев и Енди Ворхол

Во музејот се поставени над 50 креации од дизајнерот, од 1974 година до 2002 година, како и модни додатоци и досега неизоложени скици, фотографии и видео материјали од архивата на модната куќа.
Ателјето на Ив Сен Лоран, исто така ќе биде реставрирано. Светлата соба, со неутрални бои,има ѕид со стакло, преку кој дизајнерот ги гледал моделите за време на пробите. На неговата работна маса, пак, се уште има примероци од ткаенини од последните проби.

Берже почина на 8 септември, неколку недели пред големото отворање, но неговата мисија продолжува: да ја зачува и промовира генијалната креативност на Ив Сен Лоран на идните генерации вљубеници во модата.

 

На неговата работна маса, се уште има примероци од ткаенини од последните проби

Пет причини зошто треба да се посети музејот на Ив Сен Лоран:

  • Ова е прв музеј во светот кој е целосно посветен на француски дизајнер.Тоа е ексклузивно модно искуство
  • Ќе ја дознаете историјата на куќата која се наоѓа на Петтата авенија Марсо. Музејот е сместен во куќа од средината на 19 век, каде дизајнерот работел речиси 30 години, од 1974 до 2002 година. Ова е местото каде над 200 шивачки работеле на создавање на креациите
  • Ќе научите нешто повеќе за креативниот процес на славниот дизајнер
  • Со овој музеј е исполнета желбата на дизајнерот. Кога го прашале дали му е важно потомството, тој одговорил : „ Да, би сакал моите фустани да се прочуваат 100 години“
  • Со оглед на тоа дека се изложени досега непознати за јавноста фотографии, портрети, видео инстери, поставката нуди шанса за гостите да видат кои биле најголеми фанови на Ив Сен Лоран , како Кетрин Денев и Енди Ворхол.
Иако ова не е првиот музеј посветен на креаторот,може да се смета за најзначаен, бидејќи беше проект на кој со голема страст и посветеност работеше неговиот партнер, Пјер Берже