СВЕТОТ УЖИВАШЕ, НО МАКЕДОНИЈА НЕМАШЕ МОЖНОСТ ДОЛГО ДА ЈА ГЛЕДА „КРВАВАТА МЕСЕЧИНА“

Скопје, (Би-Би-Си)

Луѓето низ целиот свет ноќеска му сведочеа на најдолгото целосно помрачување на Месечината во 21. век, но во Македонија немаше идеални услови за тоа и поради облачното време можеше да се види само на кратко.

Земјата фрли сенка врз Месечината на еден час и 43 минути, давајќи ѝ црвено-кафеава боја, поради што овој редок природен феномен се нарекува „крвава месечина“. Овојпат, тој можеше да се набљудува од речиси целата планета, со исклучок на Северна и Централна Америка, а свој придонес со фотографии дадоа и астронаутите од Меѓународната вселенска станица.

„Крвава месечина“ над швајцарските Алпи (Фото: ЕПА)

Во исто време, Марс дојде во најблиската точка до Земјата во последните 15 години и како сјајна светла точка ќе може да се види и во наредните денови.

„Ова беше речиси најдолгото помрачување што може да се случи. Тоа се совпадна не само со доближувањето на Марс, туку и со она што се нарекува наредување на планети, кога набљудувачите добиваат исклучително добар поглед врз Венера, Јупитер, Сатурн и Марс“, вели астрофизичарот Тим О‘Браен од универзитетот во Манчестер.

Помрачувањето видено од Меѓународната вселенска станица
Москва (Фото: Твитер)
Абу Даби (Фото: Ројтерс)