Новиот смартфон на „Самсунг“ ќе ги предупредува корисниците ако фотографијата што ја снимиле не е квалитетна или има грешки.
„Галакси ноут 9“ користи софтвер кој, меѓу другото, препознава кога фотографијата е матна или ако некој трепнал.
Оваа иновација е една од неколкуте способности што се базираат на вештачка интелигенција кои ги содржи телефонот. Аналитичарите предвидуваат дека ова ќе му овозможи на „Самсунг“ да ѝ парира на сѐ посилната конкуренција од „Хуавеи“, кој во март претстави слични автономни карактеристики.
„Ноут 9“ содржи и моливче (стилус), кое функционира како далечински управувач. Екранот и батеријата се поголеми во споредба со претходните модели.
Тој ќе почне да се продава на 24 август и основниот модел ќе чини 899 долари.