ШВАЈЦАРИЈА СЕКОЈА ГОДИНА ФРЛА ВО ТОАЛЕТ ЗЛАТО И СРЕБРО ВО ВРЕДНОСТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Цирих, (Ројтерс)

Додека канализацијата во останатиот дел од светот може да се блокира од премногу тоалетна хартија или фрлени пелени, во Швајцарија тоа се прави со сребро и злато.

Локалните власти велат дека минатата година биле пронајдени три тони сребро и 42 килограми злато во отпадните води на пречистителните станици, што е еднакво на три милиони швајцарски франци, односно 3,1 милион долари.

Меѓутоа, пред Швајцарците да почнат да бараат богатсво во канализација, истражувањето спроведено од владата утврди дека металната маса била збир од ситни златни и сребрени парченца, кои потекнуваат од индустријата за произведство на часовници и фармацевтските и хемиските индустрии, кои ги користат златото и среброто во нивните производствени процеси.

„Приказните за налутените мажи и жени кои фрлаат накит во тоалет се само невистини и гласини. Пронајдените сребро и злато се во микрограми, дури и нанограми, но кога ќе се спојат, бројката станува огромна“, вели авторот на истражувањето, Бас Вриенс.