Новозеландската министерка за женски прашања со велосипед се одвезла во болница, за да се породи по 42 недели бременост.
Џули Џентер од Партијата на зелените вели дека морала да оди со електричен велосипед до болницата во Окленд, бидејќи немало доволно место во автомобилот.
„Прекрасно возење во недела наутро“, напиша 38-годишната Џентер на Инстаграм, која е голем промотор на велосипедизмот.
„Тоа е тоа, посакајте ни среќа! Јас и мојот партнер решивме да одиме со велосипед, бидејќи немаше доволно место во автомобилот за екипата за поддршка. Но, тоа ме стави во најдобро можно расположение“, кажа Џентер.
За разлика од премиерката Џесинда Ардерн, која одмораше од работата само шест недели, Џентер ќе земе тримесечно породилно отсуство.
Џентер, која е родена во САД, на Инстаграм објави дека е бремена, кога рече дека ќе им требаат нови седишта на велосипедите.