2,5 МИЛИОНИ БОЛИВАРИ ЗА ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА – ХИПЕРИНФЛАЦИЈАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА НИЗ ФОТОГРАФИИ

Каракас, (Би-Би-Си)

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро најави воведување нова валута, во обид да се справи со неверојатната инфлација во земјата, за која Меѓународниот монетарен фонд предвиде дека ќе достигне 1.000.000% оваа година.

Венецуелскиот боливар стана речиси безвреден по економскиот колапс на земјата. За да го долови нивото на кризата, фоторепортерот на Ројтерс, Карлос Гарсија Роулинс, сликовито прикажа колку пари требаат за да се купат одредени производи од секојдневниот живот.

  • За свежо пиле од 2,4 килограми треба да се издвојат 14,6 милиони боливари, што е рамно на 2,22 американски долари.

  • Три милиони боливари е вредноста на овие моркови.

  • За пакет влошки требаат 3,5 милиони боливари.

  • А килограм домати? Тоа ќе ве чини пет милиони боливари.

  • Парче сирење како од фотографијата вреди 7,5 милиони боливари.

  • Цената на пелените скокна на осум милиони боливари.

  • Килограм месо сега чини 9,5 милиони боливари.

Во јули, инфлацијата во земјата била 82.700%.

„Дојдов да купам зеленчук, но си одам, затоа што немам намера да стојам во редицата. Луѓето полудеа“, вели 38-годишната Алисија Рамирес од градот Маракаибо.