ТАРАНТИНО ГИ НАЈДЕ СВОИТЕ ЧАРЛС МЕНСОН И РОМАН ПОЛАНСКИ ЗА „БЕШЕ ЕДНАШ ВО ХОЛИВУД“

Лос Анџелес, (Гардијан)

Актерската постава на „Беше еднаш во Холивуд, новиот филм на Квентин Тарантино, не престанува да расте, иако неговата продукција е почната пред неколку недели.

Тарантино, конечно, ги најде идеалните глумци за улогите на Чарлс Менсон и Роман Полански, кои ќе бидат клучни за приказната што се случува во Лос Анџелес во лето 1969 година.

Тој инсистираше младиот Полански да го игра полски актер и изборот падна на 31-годишниот Рафал Завјеруха, кој досега нема снимано во Холивуд.

Австралиецот Дејмон Хериман (48) ќе го игра Чарлс Менсон, лидерот на култот, чии следбеници, меѓу другите, ја убија трудната сопруга на Полански, Шерон Тејт (Марго Роби). Ова ќе биде прва голема улога во САД и за Хериман, откако досега главно се појавуваше во ТВ-серии.

„Беше еднаш во Холивуд“, еден од најсчекуваните филмови во 2019 година, ќе има премиера на 26 јули.