Филмските ѕвезди како Рајан Гослинг, Наоми Вотс, Ванеса Редгрејв и Клер Фој продефилираа на црвениот килим на свеченото отворање на 75. Венециски филмски фестивал (29 август-8 септември).
На килимот се појавија режисери и актери од холивудската А-листа, некои дел од официјалната програма, некои како членови на жирито, а како и секоја година, дојдоа и голем број на манекенки и водителки.
Венеција го има еден од најстарите филмски фестивали и заедно со Берлинскиот и со Канскиот се најзначајни и гламурозни филмски смотри.