ЕД ШИРАН СЕ ГЛУМИ СЕБЕСИ ВО НОВИОТ ФИЛМ НА ДЕНИ БОЈЛ

Лос Анџелес, (АП)

Пејачот и композитор Ед Ширан ќе се глуми самиот себе во новиот филм на оскаровецот Дени Бојл.

Во филмот, кој се снима по сценариото на Ричард Куртис, Химеш Пател глуми музичар, кој еден ден се буди како единствениот човек кој се сеќава на „Битлс“.

„Тогаш јас го откривам и го носам на турнеја и со тек на време, тој станува сѐ попознат и попознат од мене. Сега навистина научив како да глумам. За краткото појавување во ‘Игра на тронови’, снимав само еден ден. Но, за новиов филм, снимав по цел ден речиси 12 дена“,  рече Ширан.

Дваесет и седумгодишната поп-ѕвезда рече дека својот дел од снимањето го завршил на почетокот на годинава, за време на последната турнеја. Филмот, кој сѐ уште нема наслов, треба да излезе во септември 2019 година.