Спикс макау, син бразилски папагал што беше ѕвезда на анимираниот филм „Рио“, и официјално е прогласен за исчезнат, според најновата проценка на загрозени видови птици.
Макау е еден од осумте видови кои се додадени на сè подолгата листа на потврдени или најверојатни исчезнувања во 21. век.
Пет од овие нови исчезнувања се случиле во Јужна Америка и научниците велат дека тоа најмногу се должи на уништувањето на шумите.
„Кога луѓето мислат на исчезнувањето, прво помислуваат на птицата додо, но нашите анализи покажуваат дека овој процес продолжува и се забрзува денес. Историски гледано, 90% од исчезнувањата се однесуваат на мали популации птици на зафрлени острови, но во последно време, за тоа сè повеќе придонесува и човекот“, вели Стјуарт Батчарт од „Брдлајф интернешнал“.
Повеќе од 26.000 видови птици низ светот денес се сметаат за загрозени.