ПОЧЕСEН ОСКАР ЗА ЛАЛО ШИФРИН, КОМПОЗИТОРОТ НА „ВАЛКАНИОТ ХАРИ“

Лос Анџелес, (АФП)

Аргентинскиот композитор Лало Шифрин, 93-годишната актерка Сисли Тајсон и издавачот Марвин Ливај ќе добијат почесни Оскари, соопшти Академијата за филмска уметност и наука.

Наградени се и продуцентите и брачна двојка Кетлин Кенеди и Френк Маршал, кои ќе ја добијат наградата „Ирвинг Г. Талберг“, именувана по легедaрниот филмски продуцент.

Наградите ќе им бидат доделени на 10. Гувернерски бал, на 18 ноември во Холивуд.

Шифрин (86 години) напиша музика за над 100 филмови, меѓу кои за „Валканиот Хари“ и „Булит“ и шест пати бил номиниран за Оскар.

Ливај е првиот издавач кој ќе добие почесен Оскар, а има работено со Стивен Спилеберг и на кампањи за филмови како „Шиндлеровата листа“ и „Крамер против Крамер“.