РАДОСТА И ТАГАТА НА МЛАДИОТ ПИКАСО – ГОЛЕМА ИЗЛОЖБА ВО ПАРИЗ

Париз, (АФП)

Повеќе од 300 дела од два клучни рани периоди на Пабло Пикасо ќе бидат изложени од денеска во музејот Орсеј во Париз и ова е првпат тие да бидат споени во градот кадешто шпанскиот уметник ги имал првите чекори кон револуцијата на нови облици на модерната уметност.

„Пикасо: сино и розово“ го опфаќа периодот од 1900 до 1906 година, кога како млад уметник, тој живеел во студиото на Монмартр и каде понекогаш ги палел делата за да се стопли.

„Ќе го откриеме Пикасо од 18 до 25-годишна возраст, пред кубизмот“, рече кураторката Стефани Молин

Кураторите успеале да обезбедат исклучителни примероци од Пикасо, позајмени од Музејот на Пикасо во Барселона, институции во САД, Швајцарија и Русија, како и од приватни колекционери, кои ретко се изложуваат во јавност.

Меѓу делата има 80 слики, 150 цртежи, скулптури, како и портрети на Пикасо од други уметници.

„Ќе го откриеме Пикасо од 18 до 25-годишна возраст, пред кубизмот“, рече кураторката Стефани Молин.

Музејот Орсеј е избран бидејќи на тоа место порано имало железничка станица, на која првпат дошол тогаш 18-годишниот уметник.

„Поставката изобилува со радост и меланхолија, карактеристични за Пикасо во тој период“, рече Лоран ле Бон, директор на музејот.