Поп-ѕвездата Роби Вилијамс ја забавуваше публиката на ревијата на брендот „Емпорио Армани“ на Модната недела во Милано, облечен во црно светкаво палто, килт и црна маица на Џорџо Армани.
Вилијамс одржа концерт со негови хитови, како и со песни посветени на Џорџ Мајкл, а за песната „Слатка Керолајн“ од Нил Дајмонд, на сцената му се придружи неговиот татко, кој исто така е пејач.
Британскиот пејач кажа дека како мал го гледал татко му како ја пее таа песна и токму затоа сакал и самиот да стане музичар.
На крајот на шоуто, Вилијамс го повика Армани на сцената и клекна пред него, нарекувајќи го легенда. Тој му ја посвети последната песна, „На мој начин“ од Френк Синатра.
Италијанскиот дизајнер ја одржа ревијата на аеродромот „Линате“ во Милано, а гостите доаѓаа со пасоши или лични карти и ја поминуваа стандардната процедура за влез на аеродром. Манекенките дефилираа на писта поставена во хангар.