Два јапонски роботи ги испратија првите фотографии и видеоснимки од површината на астероид во движење, како дел од историската мисија што треба да фрли нова светлина врз настанувањето на сончевиот систем.
По три и полгодишното патување, леталото Хајабуса-2 на Јапонската вселенска агенција пред неколку дена успешно спушти два мали роботи на површината на астероидот наречен Рјугу и сега оттаму пристигнаа првите фотографии и видеоклип. Астероидот се наоѓа на 280 милиони километри од Земјата.
Ова е првпат во историја да се изведе вакво слетување.
Користејќи ја малата гравитација на астероидот, роботите можат да потскокнуваат по неговата површина и да се задржуваат во воздух до 15 минути.
Мисијата беше лансирана во јуни 2014 година и ќе се врати на Земјата со собраните податоци во 2020.