БРУС ДЕРН МЕСТО БЕРТ РЕЈНОЛДС ВО НОВИОТ ФИЛМ НА ТАРАНТИНО

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Брус Дерн ќе го замени покојниот Берт Рејнолдс во новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“.

Осумдесет и двегодишниот Дерн ќе го игра Џорџ Спан, речиси слепиот сопственик на ранчот на којшто бил сместен култот на Чарлс Менсон, пред да ги изврши озлогласените убиства во Лос Анџелес во 1969 година, околу кои и се врти дејството на филмот.

Оваа улога првично ја доби Рејнолдс, но тој почина на 6 септември, пред да почне да ги снима сцените.

„Беше еднаш во Холивуд“ ќе ја има една од најсензационалните актерски постави досега, а во главни улоги се Леонардо ДиКаприо, Бред Пит и Марго Роби. Планирано е филмот да излезе на 26 јули 2019 година.