И КУЧИЊАТА ЗНААТ ДА СУРФААТ И ИМААТ СВОЕ НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Хантингтон Бич, (Гардијан)

И кучињата знаат да сурфаат и веќе десет години го докажуваат тоа на меѓународниот натпревар „Сурф сити сурф дог“ во калифорнискиот град Хантингтон Бич.

Тој по десетти пат се одржа викендов, при што кучињата се натпреваруваат во три категории: соло, двојки и во тандем со човек. Како што се гледа од фотографиите, не сите кучиња покажуваат дека се доволно умешни и храбри во кротењето на брановите, но сите се опремени со сигурносни прслуци.

Во последните десет години, на ова натпреварување настапија повеќе од 500 кучиња, дојдени од Велика Британија, Австралија, Канада, Бразил и од сите делови на САД.

(Фото: Гети)