МЕЛАНИЈА ТРАМП НА ТУРНЕЈА НИЗ АФРИКА – НИКОГАШ НЕ СМЕ ЈА ВИДЕЛЕ ОЛКУ СРЕЌНА

Њујорк, (Гардијан)

Меланија Трамп е на својата прва соло турнеја, во рамките на која ќе посети четири држави во Африка и јавноста забележа дека откако е прва дама на САД, никогаш не ја виделе толку среќна и насмеана.

Илјадници километри од Вашингтон, Меланија Трамп се среќава со локални луѓе и лидери и запознава како функционираат американските програми за поддршка на здравството и образованието.

Пречек во Гана (Фото: АП)

„Ова е најсреќната Меланија Трамп откако стана прва дама. Никогаш не сум ја видела толку да се смее“, прокоментира Кејт Бенет од Си-Ен-Ен, која речиси две години ги покрива нејзините активности.

Таа прво ја посети Гана, по што на распоредот беа Кенија, Малави и Египет.

(Фото: Гети)

„Јас не секогаш се согласувам со твитовите на Доналд. Имам сопствени ставови и мислења и многу ми е важно што можам да ги искажам моите чувства“, кажа таа во Египет.

На својата турнеја, Меланија посети бивша утврда за робови, училишта и сиропиталишта и се играше со слончиња.

Во Кенија се дружеше и со слончиња (Фото: Ројтерс)