Во Бакингамската палата во тек е голема реконструкција која почна лани, а ќе трае до 2027 година и за која ќе се потрошат 481 милион долари.
Висок кралски претставник соопшти дека кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг, принцот Филип, во 2025 година ќе мора да ги напуштат приватните простории во Западното крило. Реновирањето се врши заради замена на старите електрични и водоводни инсталација и да се заштити палатата од катастрофи, како пожар и поплава.
Наскоро ќе биде испразнето славното Источно крило, во кое се наоѓа балконот на кое се појавува кралското семејство за специјални пригоди. Околу 3.000 уметнички дела и предмети од Кралската колекција, кои се поставени во 200 соби во Источното крило, најголемо во палатата, ќе бидат преселени на шест месеци.
За време на реновирањето, палатата ќе биде отворена за државнички посети и за други редовни активности, изјавија официјални лица.
Бакингамската палата е изградена во 1703 година.