ФЕЈСБУК ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПРВ ХАРДВЕР ПРОИЗВОД – ПАМЕТНИ УРЕДИ ЗА ВИДЕО-РАЗГОВОР

Лос Анџелес, (Верџ)

Фејсбук претстави нов производ што ќе донесе камера и микрофон во вашата дневна соба.

Портал и поголемиот Портал плус се паметни електронски уреди за видео-разговор, што се засновани на ласери.

Ова се први хардвер производи под брендот Фејсбук и со нив можат да се повикаат други корисници на Портал, но доволно е да имате и Месинџер или Фејсбук месинџер. Тие, исто така, можат да пуштаат музика преку Спотифај и Пандора.

Портал е дизајниран да го поедностави видео-разговорот, користејќи камера со широк агол, способна да идентификува тело и да ве следи додека се движите низ собата.

Од Фејсбук велат дека Портал создава чувство како да делите соба со една поголема група луѓе, а разговорот го прави поприроден и поудобен, бидејќи не мора да го држите телефонот подолго време. Кога разговорот ќе почне, Портал автоматски ги наоѓа луѓето во собата и ги држи во кадар, а доколку има само една личност, камерата зумира на неговото лице.