Меган Маркл, војвотката од Сасекс, е трудна и треба да се породи напролет, објави палатата Кенсингтон.
Радосната вест беше објавена откако Меган и принцот Хари ја почнаа својата прва официјална турнеја, и тоа низ Австралија.
„Тие ја ценат поддршката што ја добија од луѓето од целиот свет од венчавката во мај и среќни се што со јавноста можат да ја споделат оваа убава вест“, стои во соопштението на палатата.
Бебето ќе биде седмо во редот за наследство на тронот.
Војводата и војвотката од Сасекс минатата недела беа на свадбата на принцезата Јуџини, кога Меган носеше долг капут, што веднаш ги поттикна шпекулациите дека е трудна.