ЛЕДИ ГАГА СЛУЖЕШЕ ПИЈАЛОЦИ ВО РЕСТОРАНОТ НА ТАТКО Ѝ ВО ЊУЈОРК

Њујорк, (ДПА)

Поп ѕвездата Леди Гага стана шанкерка на отворањето на ресторанот на нејзиниот татко „Арт брд & виски бар“ во Централната станица во Њујорк.

„Луѓето ме ословуваат како Господин Џи или Папа Џи, па сакаат и да се фотографираат со мене. Сето тоа е дел од бизнисот“, вели Џо Германота (61 година), кој има италијанско потекло.

Леди Гага, чие вистинско име е Стефани Германота, им служеше пијалоци на муштериите облечена во црвената униформа на ресторанот. Пејачката и актерка исто така многу помогна во рекламирањето на местото, па Џо кажа дека благодарение на публицитетот на социјалните медиуми, веќе имаат понуди за нови локации, на лондонскиот  аеродром „Хитроу“ и на аеродромот во Франкфурт.

„Отсекогаш сакав да отворам ресторан, уште како мало дете“, рече тој.

Во 2012 година, тој на Менхетн го отвори семејниот ресторан „Џоен“, именуван по неговата почината сестра.