„ЗЛАТНА ДВОЈКА“ ПОБЕДИ НА СВЕТСКИОТ ФОТОИЗБОР ЗА ДИВИ ЖИВОТНИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лондон, (Дојче веле)

„Златна двојка“ на Холанѓанецот Марсел ван Устен е прогласена за најдобра фотографија со диви животни, на светскиот избор што го организира Музејот за национална историја на Велика Британија.

„Дуел на соништата“ – елени во шума во Белгија

Фотографијата на мајмуните со крзно со боја на злато е сликана во шума во Кина, нивната природна средина.

„Ранетиот леопард“ е снимена во природен резерват во Боцвана

„Фотографијата е симболичен потсетник на убавината на природата и колку ние осиромашуваме како што таа се уништува“, изјави претседателот на жирито Роз Кидман Кокс.

„Бувови во цевка“ – Индија
„Оси во кал“ – Западна Австралија
„Патка од соништата“ – фотографирана во близина на пристаниште во Норвешка
„Кухирва го оплакува бебето“ – горило во Уганда не сака да се одвои од своето мртво бебе
„Мајка бранител“ – тропска мува ги положува јајцата на дрво во Еквадор
„Ноќен лет“ – американскиот фотограф Мајкл Патрик О’Нил ја фотографирал рибата во лет во водите во близина на Флорида