„Барокни богатства“ е насловен вечерашниот концерт на ансамблот „Г.А.П.“ во Камерната сала на Македонската филхармонија (20 часот). Ансамблот, формиран во 2012 година, е составен од врвни музички уметници, кои активно настапуваат на европските и светските сцени: Емилио Перцан – барокна виолина, Ориол Ајмат Фусте – барокно виолончело и Лука Квинтавале – чембало.
Тие ќе изведат дела од автори од периодот на музичкиот барок, Хајнрих Игнац Франц фон Бибер, Жан-Батист Бариер, Џовани Антонио Пјани и Антонио Вивалди.
Името на ансамблот доаѓа од иницијалите на италијанскиот виолински виртуоз од 18. век, Џовани Антонио Пјани.