Членовите на британското кралско семејство се во фокусот и на Меѓународната изложба на торти во Бирмингам, централна Англија.
Меѓу експонатите е и торта со големи димензии, на која се направени ликовите на принцезата Дијана и на нејзините синови Вилијам и Хари на мала возраст, како и торта со принцот Хари и војвотката од Сасекс Меган Маркл во природна големина.
За време на тридневното шоу за правење и декорирање торти, ќе се доделат голем број награди во различни конкуренции.