„ИГРА НА ТРОНОВИ“ СЕ ВРАЌА ВО АПРИЛ, ОБЈАВИ ЕЈЧ-БИ-О

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Најнаградуваната серија на сите времиња „Игра на тронови“ се враќа во април наредната година, кога ќе почне да се емитува осмата и последна сезона, потврди Ејч-Би-О во новиот трејлер.

Сепак, од мрежата сѐ уште не го објавија точниот датум на првата од шесте епизоди, кои ќе бидат со должина на просечен филм.

Серијата, чија претходна сезона беше емитувана лани и оттогаш фановите се држат во неизвесност кога ќе продолжи, стана глобален феномен и освои 47 награди Еми, најмногу во историја.

Неколку серии инспирирани од „Игра на тронови“ се во подготовка и веќе е нарачана пилот епизода за една од нив, која ќе се случува илјадници години порано.