ГРУЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК, УНГАРИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ПРЕБЕГНАЛ ВО БУДИМПЕШТА И БАРА АЗИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
epa06232243 Former Macedonian Prime Minister Nikola Gruevski (L) welcomes Hungarian Prime Minister Viktor Orban (R) in Ohrid, The Former Yugoslav Republic of Macedonia, 28 September 2017. Hungarian Prime Minister Viktor Orban arrived in Ohrid to meat the leader of opposition VMRO DPMNE and Former PM Nikola Gruevski on the start of election campaign for the local election. Macedonia will vote for the local election on 15 October 2017. EPA-EFE/ALEKSANDAR KOVACEVSKI

Поранешниот премиер Никола Груевски, осуден на две години затвор за незаконска набавка на луксузен „мерцедес“ со парите од МВР, објави на Фејсбук дека пребегнал во Унгарија и дека таму побарал политички азил. Информацијата дополнително беше потврдена од унгарското Министерство за внатрешни работи.

  • Груевски е осуден на затворска казна од две години во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“, што се однесуваше на незаконска набавка на луксузен „мерцедес“ од 600.000 евра.
  • Во петокот и понеделникот, полицијата и судот не успеаја да го пронајдат Груевски на неговата домашна адреса за да му го врачат решението за издржување на казната во затворот во Шутка.
  • Откако тој самиот не се пријави во затворот во предвидениот рок, Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Груевски.
  • Груевски вчера се огласи на својата Фејсбук страница, потврдувајќи дека се наоѓа во Будимпешта и дека ќе побара политички азил.
  • „Во последните неколку дена примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега и побарав политички азил од унгарските власти“, напиша тој на Фејсбук.
  • Унгарија вчера попладне официјално потврди дека Груевски е во Будимпешта и дека побарал азил.
  • Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева изјави дека очекува Груевски да биде екстрадиран од Унгарија.
  • Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека сопругата и мајката на Груевски се во Македонија и дека ѝ дозволиле на полицијата да го побараат во нивниот дом.
  • Според Спасовски, Груевски не избегал авионски, туку ја преминал границата незаконски.