Британскиот принц Чарлс денеска го слави 70. роденден со семејна роденденска забава. Војводата од Велс прво ќе има чајанка со други лица кои полнат 70 години, пред прославата која во Бакингамската палата ја организира неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. На забавата се поканети членовите на семејството, блиски пријатели и членови на други европски кралски семејства.
Во чест на јубилејниот роденден, резиденцијата на Чарлс објави два семејни портрети од фотографот Крис Џексон, на кои се неговата сопруга Камила, двајцата синови – принцовите Вилијам и Хари, нивните сопруги Кејт и Меган, како и внуците, принцот Џорџ (6 години), принцезата Шарлот (3 години) и шестмесечниот принц Луис.
Принцот Чарлс, познат по неговите еколошки активности, во последното издание на списанието „Кантри лајф“ ги повикува луѓето „да не ја земаат природата здраво за готово“.
„Тој е целосно опседнат со верверички. На сите им има дадено имиња, дури им дозволува да влегуваат во куќата“, вели Вилијам за списанието.