ДОБРОВОЛЕЦ ОД МАНЧЕСТЕР ВО БОРБАТА ПРОТИВ ИСИС ПУШТИ ПЕСНА ОД АРИЈАНА ГРАНДЕ НА ПЛОШТАДОТ ВО РАКА

Рака, (Јаху)

Мајкл Енрајт, актер од Манчестер и доброволец во курдската милиција „Је-Пе-Ге“, пушти песна од Аријана Гранде на плоштадот во Рака, место на бројни егзекуции на Исламска држава.

По терористичкиот напад на ИСИС во Манчестер во мај на концерт на американската пејачка, Енрајт кажа дека му било скршено срцето за децата кои настрадаа во нападот. Тој ги повика граѓаните на Манчестер и сите други да застанат зад курдската милиција во борбата против Исламската држава.

„Јас сум од Манчестер. Тие дојдоа во мојот град и се обидоа да ја убијат Аријана Гранде. Сега ние дојдовме кај нив“, изјави Енрајт во интервју за курдска телевизија и од мобилниот телефон пушти песна од Гранде.

Курдските и арапските милиции, поддржани од САД, целосно ја ослободија Рака, која важеше за главен град на Исламска држава, на 17 октомври.