КАЗАХСТАНСКАТА „ФИЛОКТЕТ МЕДЕЈА“ ПОБЕДИ НА ФЕСТИВАЛОТ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ“

Велес (СМАРТ.СДК.МК)

Претставата „Филоктет Медеја“ во продукција на Народниот театар на Западен Казахстан од  Казахстан е добитник на Гран при за најдобра претстава на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Жирито сосетацено од актерката Кети Борисовска, режисерто Дејан Дамјановски и  театрологот Ивана Јарчевска, за претставата рече дека  донесе  комплетен впечаток  и многу енергија.

„Понекогаш, за да се случи магија на сцената доволно е да се појават две исклучителни енергии и да го спојат неспоивото, од два различни света да создадат еден. Едно огниште, платно и многу актерска посветеност е  доволно за да се прескокне замислената рампа кон публиката и сите заедно да дишат во неповторливиот  акт  на театарот  кој се раѓа пред нашите очи“, ја образложи одлуката  Дамјановски.

Наградата за најдобра режија ја доби Србинот Никита Миливојевиќ за претставата „Перикле“ од Вилијам Шекспир.

Актерските награди заминаа во Казахстан, за женска на Ѓулнур Каирлијаева за Медеја во истоимената претстава и  на  Салаут Туменов  за улогата на Филокет од истата претстава.  Ним им беа врачени статуетките „Ангигона“.

На 16. издание беа прикажани 6 претстави од Србија, Бугарија, Казахстан и Македонија,  во натпреварувачка конкуренција и две во придружната програма. Организаторот најави дека по три години играње во  салата на Велешки театар, вгодина се враќаат повторно во античкиот локалитет „Стоби“.

П. ПЕЧКОВ