Една од репродукциите на „Мона Лиза“, најпознатата слика на Леонардо да Винчи, создадена од познатиот сликар и скулптор Марсел Дишан се продаде за 750.000 долари во Париз.
Втората верзија на „Мона Лиза“ со брада и мустаќи на Дишан, беше дел од големата колекција на дела од надреализмот на Американецот Артур Бранд, со 110 дела со вредност од 3.9 милиони долари.
Делото беше една од деветте дела на францускиот уметник, кој важи за татко на концептуалната уметност. Сликата имаше претпродажна вредност од 400.000 до 600.000 долари. Верзијата која се продаде во саботата беше создадена во 1964, неколку децении по првата верзија на Дишан.